Pages

Monday, May 7, 2012

Шведска



Шведска или официјално Кралство Шведска е држава во Северна Европа на Скандинавскиот Полуостров. Шведска граничи со Норвешка на запад, со Финска на североисток. На југ е поврзана со Данска со Ересундскиот мост. Главен град на Шведска е Стокхолм, што е и најголем град во државата со 1,3 милиони жители во градот или 2 милиони жители во метрополитенската област.
Со своите 450.295 километри квадратни, Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од 9,2 милиони жители. Според тоа, Шведска има низок степен на густина на население со 21 жител на километар квадратен, но со повисок степен на југот на земјата. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата. Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг со 500.000 жители и трет најголем град е Малме.
Шведска е уставна монархија со парламентарен систем на владеење и со високо развиена економија. Шведска е дел од Европската Унија од 1 јануари 1995 година. Како независна држава се воздигнала во средновековието. За време на XVII век државата ги проширила своите територии и се создало Шведското царство. Повеќето освоени територии надвор од Шведска биле освоени за време на XVIII и XIX век. Источниот дел од Шведска (денес Финска) бил изгубен во1809 и потпаднал под власт на Русија. Последната војна во која Шведска директно било инволвирана во 1814 година кога шведската војска ја принудила Норвешка да ја оформат Шведско-норвешката унија која траела до 1905. Од тогаш, Шведска е земја која го подржува мирот и е неутрална држава. 

Бр.
Град
Шведски
Население
1
Стокхолм
Stockholm
1.252.020
2
Гетеборг
Göteborg
510.492
3
Малме
Malmö
258.020
4
Упсала
Uppsala
128.409
5
Вестерос
Västerås
107.005
6
Еребру
Örebro
98.237
7
Линшепинг
Linköping
97.428
8
Хелсинборг
Helsingborg
91.457
9
Јоншепинг
Jönköping
84.423
10
Норшепинг
Norrköping
83.561
11
Лунд
Lund
76.188
12
Јевле
Gävle
68.700
13
Умео
Umeå
68.494
14
Бурос
Borås
63.441
15
Седерталје
Södertälje
60.279
16
Ескилстуна
Eskilstuna
60.185

                       Стокхолм ( главен град на Шведска)

                 Стадион Улеви - Гетеборг

     Вртечко Торзо - Малме

     

           Знамето на Шведска

Карта на Шведска

No comments:

Post a Comment